More

    Селекторот Далиќ им се обрати на Хрватите

    spot_img

    Репрезентацијата на Хрватска е на чекор до испаѓање од ЕП 2024 уште по групната фаза, откако синоќа ремизира со Италија (1-1) со примен гол во 98. минута во ситуација кога им требаше само победа.

    „Коцкестите“ сега имаат два бода и само два отсто шанси да бидат една од четирите третопласирани селекции од шесте групи кои ќе се најдат во нокаут-фазата. По овој повод на хрватската јавност ѝ се обрати селекторот Златко Далиќ.

    – Не сум емотивен, само го кажувам тоа што ми е на ум. Разочаран сум и тажен што не успеавме, но можам само да бидам горд. Ова е само еден резултат по кој треба да излеземе посилни. Не е крај на светот, па што да правиме, да се убиеме сите заедно. Не треба да паѓаме во депресија, мора да излеземе посилни и посилни и да покажеме карактер. Постојано зборувам за реалноста. По Португалија и тој пријателски натпревар, сите утредента велеа дека ќе бидеме европски прваци. Сето ова што го направивме за шест години беше на фора. Немаме брзи играчи, немаме ништо, но некако се снаоѓавме и правевме одлични резултати. Велам, жал ми е за народот. Никогаш во животот не сум бил без енергија. Никој ништо не ми дал во животот, сè сум направил сам. Ме газеа, ме газат, се поминав и не се откажувам. Не можам да се поколебам, во мојот живот можам да бидам горд на она што го направив заедно со играчите и персоналот. Горд сум до небото. Срцето ми е полно, но секако дека сум тажен после ова. Но, енергијата е присутна кај мене – изјави Далиќ.

    Хрватска сега треба да чека луда низа резултати за да дојде во ситуација да се најде во следниот круг, нешто во што не верува апсолутно никој ниту во репрезентацијата ниту меѓу илјадниците навивачи кои дојдоа да ја бодрат во Германија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img