More

    СЕ ПОВЛЕКУВААТ 20 ТОНИ ОД НЕБЕЗБЕДНОТО МЛЕКО „МИЛКАНО“

    spot_img

    Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот МИЛКАНО увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека почнала постапка за повлекување околу 20 тони небезбедно млеко од пазарот.

    Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година. Од полиците се повлекуваат 20 тони од УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО со 3,2 отсто масленост, увезено од Босна и Херцеговина кое во целокупната количина е пласирано на пазарот, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, колку што е дозволено со нашите прописи.

    Небезбедното млеко ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти од Босна и Херцеговина го прифатат тоа, во спротивно, истото ќе биде уништено на депонијата Дрисла. Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со храна, кој веќе ја информира јавноста за ова постапување.

    Ги информираме потрошувачите дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба.

    Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот МИЛКАНО со наведениот лот и рок на употреба, апелираме истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде што е купен – се вели во соопштението на АХВ:

    Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img