More

    Се појави нова снимка од Пригожин

    spot_img

    Иако никој точно не знае каде е шефот на Вагнер по бунтот на неговите борци против руските власти, на социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа како Евгениј Пригожин ги поздравува своите војници во Белорусија. Скај њуз се уште не ја потврдил автентичноста на снимката, ниту пак е познато кога точно е снимена.

    Запрашан дали Пригожин е сè уште жив, шефот на МИ6, Сер Ричард Мур рече: „Колку што можеме да кажеме, Пригожин е наоколу“.

    На снимката, која е објавена на еден од официјалните канали на Пригожин на Телеграм, може да се слушне човек кој звучи како Пригожин како ги поздравува своите луѓе и им вели да се однесуваат добро.

    „Поради вашата обука, белоруската армија ќе биде втора најдобра во светот“, им вели тој на војниците.

    Видеото е снимено во темница и може да се види само нешто што наликува на профилот на Пригожин. Во видеото тој вели дека неговите луѓе ќе останат некое време во Белорусија и додава дека ова што се случува на првата линија во Украина е срамота во која Вагнер не треба да биде дел.

    „Добредојдовте момци. Добредојдовте на белоруско тло. Се боревме чесно. Направивте многу за Русија. Тоа што се случува на фронтот е срам во кој не треба да се мешаме“, им вели Пригожин.

    Потоа шефот на Вагнер им кажува на своите луѓе добро да се однесуваат со локалното население и им наредува да ја обучат белоруската војска и да соберат сила за „ново патување во Африка“.

    „Можеби ќе се вратиме на специјална воена операција во Украина во одреден момент кога ќе бидеме сигурни дека нема да мораме да се срамиме“, вели Пригожин.

    Тогаш на војниците им се обраќа и човек кој звучи како Дмитриј Уткин, човекот кој ја основаше групата Вагнер и поранешен офицер на руската воена разузнавачка служба ГРУ.

    „Ова не е крај. Ова е само почеток на најголемата зделка во светот што ќе се реализира многу наскоро“, вели Уткин на руски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img