More

    Се појави нов остров во Тихиот Океан, на него се пронајдени неочекувани организми

    spot_img

    Кога во 2015 година се појави нов остров во јужниот дел на Тихиот Океан, геолозите, биолозите и еколозите добија единствена можност за истражување. Таквата ситуација е идеална за проучување на првите формации на екосистемите, односно увид во тоа како микробите колонизираат нови области.

    Островот Хунга Тонга-Хунга Хаапаи (Хунга Тонга) немал многу долг живот. Откако се појави во 2015 година поради вулканска ерупција, исчезна среде истиот таков настан на почетокот на 2022 година. Но, во текот на седумгодишното постоење, островот откри неколку многу интересни тајни.

    Во новото истражување, научниците објавија докази за неочекувана заедница на микроби на островот кои метаболизираат сулфур и атмосферски гасови, слични на организмите кои се појавуваат во многу различни живеалишта – термални извори на површината или во морските длабочини.

    „Не го очекувавме тоа. Мислевме дека ќе најдеме организми кои ги наоѓаме при повлекување на глечерите или цијанобактерии, чест колонизатор. Наместо тоа, откривме уникатна група бактерии кои метаболизираат сулфур и атмосферски гасови“, изјави екологот Ник Драгон од Универзитетот во Колорадо, а пренесува Science Alert.

    Драгон и неговите колеги собрале 32 примероци почва од различни области на островот, од оние во близина на морето до врвот на кратерот. Растителниот свет се појавил многу брзо на островот, веројатно благодарение на семињата во птичјиот измет, па научниците се концентрирале на собирање примероци од области без вегетација, а потоа извлекувале и секвенционирале ДНК од нив.

    Тие пронајдоа бактерии и археи (протобактерии) во сите примероци од кратерот, иако овие микроби беа помалку разновидни од оние од блиските области со вегетација – но и многу специфични. Имено, би било логично првите микроби на новиот остров да потекнуваат од океанот или птичји измет, но изгледа дека тоа не било така кај нас. Експертите претпоставуваат дека тие излегле од подземните длабочини.

    „Овие уникатни микроби многу веројатно се појавиле поради својствата поврзани со вулканските ерупции: многу сулфур и гас водород сулфид. Микробите беа најмногу слични на оние кои се наоѓаат во хидротермалните отвори, како што е Јелоустоун“, рече Драгоне.

    Иако не е невообичаено островите одеднаш да се формираат во областа, тие обично не траат премногу долго. Во последните 150 години, Хунга Тонга е само трета таква копнена маса што се појавила и трае подолго од една година.

    „Имаме вакви типови на вулкански ерупции низ целиот свет, но тие обично не создаваат острови. Имавме навистина единствена можност да истражуваме. Досега никој не ги проучувал микроорганизмите толку сеопфатно на овој тип островски систем“, вели екологистот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img