More

    САД обезбедиле разузнавачки информации кои ѝ помогнале на Украина да го потопи рускиот брод „Москва“

    spot_img

    САД обезбедиле разузнавачки информации кои ѝ помогнале на Украина да го потопи рускиот брод „Москва“, водечкиот ракетен крстосувач на Црното Море, јавуваат неколку американски медиуми. Неименувани официјални лица изјавија дека Украина ги прашала САД за брод што плови на југот на Одеса, пишува Би-Би-Си.

    Американците одговориле дека тоа е „Москва“ и помогнале да се потврди локацијата на бродот. Украина потоа го погодила со два проектила. Пентагон не ги коментира овие наводи. Но, портпаролот Џон Кирби рече дека САД „не учестуваат во одлуките на украинската војска“ и „не даваат разузнавачки информации за високи воени лидери“. Според него, Украинците ги комбинирале американските со свои информации.

    – Тогаш тие сами донесуваат одлуки и самите преземаат свои постапки – изјави тој.

    Неименуваните американски функционери цитирани во извештаите на медиумите рекоа дека не знаеле дека Украина ќе ја таргетира „Москва“ откако помогнале да се одреди нејзината локација.

    Советот за национална безбедност на Белата куќа (НСЦ), исто така, негираше дека САД ѝ помагале на Украина да гаѓаат високи руски офицери.

    – Не даваме разузнавачки информации со намера да убиеме руски генерали – рече портпаролот на НСЦ, Адриен Вотсон.

    „Москва“, ракетниот крстосувач со 510 членови на екипажот го предводеше рускиот поморски напад врз Украина, а неговото потонување беше голем симболичен и воен удар. Откако се дозна за ударот, руското Министерство за одбрана соопшти дека муницијата на бродот „експлодирала во необјаснет пожар и бродот се превртел додека се влечел назад до пристаништето.

    Администрацијата на Бајден ја засилува поддршката за Украина. Претседателот побара од Конгресот 33 милијарди долари воена, економска и хуманитарна помош за поддршка на Украина, истовремено инсистирајќи на тоа дека САД не ја „напаѓаат Русија“.

    Сумата е повеќе од двојно поголема отколку што САД веќе потрошиле за обезбедување воена опрема и хуманитарна помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img