More

    Русковска тврди дека поднела чисто обвинение поткрепено со докази

    spot_img

    Обвинителката Вилма Русковска на гостувањето во Студио 10 на ТВ24, истакна дека предистражните дејности за случајот поврзан со Мухамед Зекири траеле повеќе месеци.

    – Инспектори работеа заедно со колешката на прибирање докази. Не мислам дека се работи за политички пртесметки, има доволно докази за сторено кривично дело. Два дена пред отворање на истрагата еден од осомничените ја напуштил државата. Штетата на буџетот е околу 57 милиони денари, речиси милион евра. Се е незаконско, секоја набавка над 400.000 евра треба да има и меѓународен тендер, не е побарана ни согласност од Биро за јавни набавки, сега за сега, предметот ни е чист со овие докази кои ни се обезбедени. Не знам како функционира Владата, но генералниот секретар располага со целиот буџет на Владата. Оттаму донеле постапка за консултанска услуга, но ова е направено во четири очи – вели обвинителката за гонење организиран криминал и висока корупција

    Обвинителката не знае како медиумите дознале дека осомничен во овој случај е Мухамед Зекири, кој во тој момент се наоѓаше на функцијата генерален секретар на Влада на Република Македонија.

    – Кога прочитав дека Зекири е посочен со име и презиме, не знам како толку брзо се дојде до името, беше соопштено само дека се работи за висок владин функционер. Во Обвинителството не е кртот – додава Русковска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img