More

    Руските војници успеале да пробијат дел од одбраната на украинските сили во областа Луганск

    spot_img

    Руските војници успеале да пробијат дел од одбраната на украинските сили во областа Луганск, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

    – Во текот на офанзивата, украинските војници се повлекоа на оддалеченост до три километри од линиите што претходно ги окупираа. Дури и посилната втора одбранбена линија на непријателот не беше во можност да ги спречи руските војници да се пробијат – соопшти Министерството на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.

    Министерството не прецизираше на кој дел од фронтот во регионот Луганск е започната офанзивата.

    Украинската армија известува за масовно руско гранатирање на линијата на фронтот. Киев соопшти дека ситуацијата е тешка, но додаде дека украинската војска одбила многу руски напади. Киев повторно ги повика сојузниците да го забрзаат доставувањето на воена помош.

    Русија моментално контролира дел од јужните региони Херсон и Запорожје, вклучувајќи ја нуклеарната централа Запорожје, речиси цел Луганск, повеќе од половина од регионот Доњецк и регионалниот центар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img