More

    Руски професор пишува дека исповедта на Путин кон мајките укажува на истото!

    spot_img

    Изјавата на високиот европски претставник Жосеп Борел дека војната во Украина едноставно нема никогаш да заврши и дека конфликтот ќе прејде во замрзната кавга како во случајот со Северна и Јужна Кореја, наеднаш доби уште една потврда. Овојпат таа доаѓа од Русија, од професор на Вишата школа за економија и главен научен соработник на Институтот за светска економија и меѓународни односи.

    Дмитриј Тренин за РусијаДенес ги толкува изјавите кои рускиот претседател Владимир Путин ги даде на средбата со мајките на загинатите војници како уште еден доказ дека ќе имаме војна која според Тренин, ќе трае со години.

    Исповедта на Путин пред мајките, кога тој им рече дека Москва во 2014 година, кога Крим беше заземен, не  знаела дека Киев така ќе реагира и дека ќе употреби воена сила, за професорот укажува дека Путин нема да се согласи на преговори во сегашната војна како што тоа го направи со договорот од Минск – договор кој иако беше одобрен и од западните земји Украина никогаш не ги испочитува.

    „Путин им објасни на мајките дека во тоа време Москва со сигурност не ги познавала чувствата на населението во Донбас погодено од конфликтот и се надевала дека Доњецк и Луганск некако би можеле да се обединат со Украина според условите поставени во Минск. Путин дури како да сакаше да каже дека неговите сопствени постапки, како и разговорите со тогашниот украински претседател Пјотр Порошенко, го потврдуваат тоа дека е подготвен да им даде шанса на новите власти во Киев да го решат проблемот и да ги обноват односите со Москва. До прилично доцна во играта, Путин исто така се надеваше дека сè уште може да ги реши работите со Германците и Французите и со раководството на САД“, пишува Тренин.

    Потоа професорот вели оваа грешка од 2014 година го натерала Путин да мисли дека сега во 2022 година ја прави вистинската работа.

    „Признавањата на грешките се ретки меѓу актуелните лидери, но тие се важни како индикатори за лекциите што ги научиле. Ова искуство очигледно го натера Путин да не одлучи дека одлуката за отпочнување на специјалната воена операција минатиот февруари е погрешна, туку дека осум години пред тоа, Москва не требаше да верува во Киев, Берлин и Париз и наместо тоа требаше да се потпре на нејзините сопствена воена моќ за ослободување на рускојазичните региони на Украина“, вели тој.

    „Со други зборови, да се согласи на примирје во стилот на Минск сега ќе биде уште една грешка што ќе им овозможи на Киев и неговите поддржувачи подобро да се подготват за продолжување на борбите во моментот кога ќе изберат“.

    Тренин вели дека дури и Москва да се согласи на преговори тоа ќе го направи не отстапувајќи од своите првични барања, што укажува дека спремноста за војна е уште тука:

    „Како и да е, Москва не може да ги игнорира чувствата на поголемиот дел од човештвото, кое сега во руските експертски кругови сè повеќе се нарекува Глобално мнозинство. Оттука, официјални руски изјавибеа  дека Москва е отворена за дијалог без предуслови. Сепак, секоја руска делегација на разговорите ќе мора да ги земе предвид неодамнешните амандмани на Уставот на земјата, со кои четирите поранешни украински региони Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје се именуваат како дел од Руската Федерација. Како што рече министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, Русија ќе преговара само врз основа на постојната геополитичка реалност. Треба да се напомене дека Кремљ не ги повлече целите на воената операција, кои вклучуваат демилитаризација и денацификација на Украина“.

    Затоа, според Тренин, војната ќе продолжи и во 2023 година, војна која за Вашингтон е прашање на принцип, а за Кремљ е прашање пред сè на опстанок на самата Русија.

    „Се чини дека војната ќе продолжи во 2023 година, а можеби и понатаму. Разговорите веројатно нема да започнат пред која било страна да биде подготвена да попушти поради исцрпеност или затоа што двете страни дојдоа во ќорсокак. Во меѓувреме, бројот на загинати ќе продолжи да расте, што укажува на суштинската трагедија на политиката на големите сили“, подвлекува професорот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img