More

    Руската телевизија го прекина говорот на Путин пред преполниот Лужники

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин го искористи собирот пред преполниот фудбалски стадион за да ја оправда инвазијата врз Украина, но додека говореше дојде до краток прекин на програмата, нешто што ретко се случува, особено кога говори лидерот на Русија.

    Додека Путин зборуваше, државната телевизија накратко го прекина неговиот говор и прикажа претходно претходно снимени снимки од патриотски песни, но шефот на Кремљ подоцна се појави повторно во кадар на државната телевизија.

    На Путин му беше скратена реченицата додека велеше: „Почетокот на операцијата случајно се совпадна со роденденот на една наша извонредна војска“ …

    Руската државна телевизија е строго контролирана и таквите прекини се крајно невообичаени, нагласуваат западни медиуми.

     

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека технички дефект на сервер е причината поради која државната телевизија ненадејно се оддалечила од Путин.

    Рускиот претседател им вети на десетиците илјади луѓе кои вееја руски знамиња дека ќе бидат остварени сите цели на Кремљ.

    – Знаеме што треба да направиме, како да го направиме тоа и по која цена. И апсолутно ќе ги исполниме сите наши планови – рече Путин на митингот на стадионот Лужники во Москва.

    Тој рече дека војниците кои се борат во, како што Русија ја нарекува својата „специјална воена операција“ во Украина, го илустрирале единството на Русија.

    – Рамо до рамо си помагаат, се поддржуваат и кога е потребно со телото како браќа се штитат од куршуми. Такво единство одамна немавме – нагласи тој.

    Путин вели дека операцијата во Украина била неопходна бидејќи САД ја користат земјата за да и се закануваат на Русија, а Русија морала да се брани од „геноцидот“ на луѓето што зборуваат руски од Украина.

    – Луѓето кои живееја и живеат во Донбас не се согласија со пучот. Против нив веднаш беа организирани криминални воени операции, а не само една. Тие веднаш беа потопени во блокадата, подложени на систематско гранатирање од топови и воздушни напади. Тоа е она што се нарекува геноцид. Главната цел на руската операција е ослободување на Донбас. Спасувањето на луѓето од ова страдање, од овој геноцид е главната причина и цел на воената операција – рече Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img