More

    Руската амбасада во Берлин негираше каква било поврзаност со уапсените екстремисти

    spot_img

    Руската амбасада во Берлин, неколку часа откако германските власти објавија дека уапсиле 25 лица кои планирале напад на парламентот, соопшти дека нема контакт со „терористички“ и „илегални“ организации во таа земја.

    „Руските дипломатско-конзуларни институции во Германија немаат контакт со претставници на терористички групи или други нелегални формации“, соопшти амбасадата, а пренесуваат руските агенции Риа Новости и Тасс.

    Германското обвинителство претходно објави дека во голема полициска акција ширум Германија се уапсени 25 припадници на екстремната десница, кои планирале напад на Долниот дом на парламентот, Бундестагот, соопшти Обвинителството.

    Според непотврдените податоци што ги објавија некои медиуми, меѓу приведените е и државјанин на Руската Федерација.

    Во разбивањето на мрежата на екстремната десница и групи кои шират теории на заговор, беа уапсени луѓе блиски до движењето „Граѓаните на Рајхот“, кои беа осомничени дека подготвувале насилен влез во Бундестагот со група вооружени лица.

    Покрај 25-те уапсени, цел на истрагата се уште 27 лица кои се осомничени дека припаѓаат на криминална група, соопшти обвинителството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img