More

    Русите први во светот скокнаа од стратосферата на Северниот пол

    spot_img

    Првиот скок во историјата од стратосферата до Северниот пол го извршија група руски падобранци.

    Минатата недела тројца Руси поставија светски рекорд скокајќи со падобран од земјината стратосфера до Северниот пол во мисија која послужи и како тест за нов прототип на комуникациска опрема за употреба на Арктикот, изјави денеска организаторот Никита Каплин.

    Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од авионот Иљушин-76 на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата, а сето тоа е снимено во спектакуларно видео.

    Сите тројца падобранци и покрај загреаните маски се премрзнале на образите. Тие скокнаа од авионот и паднаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, со температура од околу -50 степени, со чувство од -70 степени Целзиусови, изјави Цаплин.

    Што е стратосферата?
    Стратосферата е слој од атмосферата на Земјата кој се протега од 10 километри (околу 8 километри на половите) до висина од околу 55 километри.

    Во долниот дел, температурата на воздухот не се менува (околу -56,5 °C над половите и средните ширини, односно -85 °C над екваторот), но поради апсорпцијата на ултравиолетовото сончево зрачење во озонската обвивка, таа се зголемува полека, а потоа и побрзо со висината, а на својот врв достигнува вредност од околу -2 °C.

    Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база Барнео, каде успеале да го напојуваат серверот со помош на дизел генератори и да воспостават врска со сателитот. Опремата претходно беше фрлена од воздух на помала надморска височина.

    Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни бидејќи Русија, САД и Кина се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img