More

    Командантот на КФОР присуствува на воена вежба на Армијата на Србија

    spot_img

    Командантот на КФОР Озкан Улуташ ќе присуствува на Денот на високите функционери на воената вежба „Виор 2024“, на покана на началникот на Генералштабот на војската на Србија, Милан Мојсиловиќ, соопшти мировната мисија на НАТО на Косово.

    Портпаролот на КФОР Салваторе Масколи изјави дека денешното присуство на Улуташ на годишната вежба на Армијата на Србија, на привремениот полигон „Пештер“, го одразува „ефективниот однос што се развиваше низ годините меѓу КФОР и Армијата на Србија“.

    „Тој однос беше развиен преку редовни контакти меѓу раководството на КФОР и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ, како и преку набљудување на претходните вежби на вооружените сили на Србија од страна на припадниците на КФОР. Посветеноста на КФОР за регионална стабилност е непоколеблива“, рече Масколи.

    Во соопштението се наведува дека КФОР продолжува да го спроведува својот мандат врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да обезбеди безбедна средина за сите заедници кои живеат на Косово и слобода на движење, во секое време и непристрасно.

    КФОР, исто така, продолжува да ги следи сите релевантни безбедносни случувања кои можат да влијаат на трајната безбедност на Косово и регионалната стабилност, и одржува видлива, флексибилна и приспособлива позиција на теренот за да одговори на сите непредвидени ситуации, се додава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img