More

    Русите кубурат со оружјето, ги сечат старите боеви глави!

    spot_img

    Секој трет ракетен фрлач од типот Ховицер кој ѝ бил доставен на Украина бил неупотреблив, а поради ова Пентагон пробал да отвори сервис за поправка на системите преку границата со Полска, дознава Њујорк Тајмс од американски официјални лица. Се работи за вкупно 350 хаубици кои Западот ги испратил во земјата.

    Оружјето или изгорува поради дпрекумерна употреба или се оштетува во борба и не може да се поправи на терен. Поправка оди тешко бидејќи за тоа треба тесно да соработуваат украинските војници со американските воени лица. Целата иницијатива за поправката почнала само пред неколку месеци. Поправката е битен елемент во очи фактот дека дел од НАТО земјите ги исцрпуваат своите воени ресурси и оружје за да донираат.

    Истовремено и Русија е при крај со своите залихи. Според британското Министерство за одбрана руските сили ќе ги демонтираат старите нуклеарни боеви глави на своите крстаречки ракети од 1980-тите и ќе ги заменат со балст за да можат да ги употребат во војната.

    Таквата ракета ќе предизвика штета од кинетичката енергија на ракетата и непотрошеното гориво, но, сепак, веројатно нема да постигне сигурни ефекти против предвидените цели, додаде Министерството во дневниот разузнавачки билтен објавен на Твитер.

    „Каква и да е намерата на Русија, оваа импровизација го истакнува нивото на исцрпување на залихите на руски ракети со долг дострел“, соопшти Министерството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img