More

    Русите ги преместуваат подморниците

    spot_img

    Британското Министерство за одбрана објави нов дневен извештај од нивните разузнавачи за ситуацијата во Украина во кој се осврна на руската Црноморска флота.

    – Командата на руската Црноморска флота речиси сигурно ги преместила своите подморници од класата KILO од матичното пристаниште Севастопол на Крим во Новоросијск во Краснодарскиот крај, јужна Русија. Ова е многу веројатно поради неодамнешната промена на нивото на безбедносна закана во светло на зголемените украински напади со долг дострел. Во последните два месеци беа нападнати седиштето на флотата и нејзиниот главен аеродром – забележуваат Британците.

    Според нив, една од главните мотивации на Путин за анексија на Крим во 2014 година била токму можноста таму да ја задржи руската флота. Сепак, додаваат дека безбедноста на таа флота сега е директно загрозена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img