More

    Русија не е поканета да учствува во истрагата за „Северен тек“ и „Северен 2“

    spot_img

    Русија е информирана преку дипломатски канали дека не се планира да се вклучи Москва во истрагата за инцидентите на гасоводите Северен тек 1 и 2, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    Тој рече дека е невозможно истрагата да биде спроведена без учество на Москва, пренесе Ројтерс.

    Исто така, медиумската претставничка на руското МНР Марија Захарова оцени дека доколку Москва и Газпром бидат исклучени од истрагата, тоа значи дека Западот нешто крие, пренесе Тасс.

    – Ниту адвокатите, ниту инженерите, ниту финансиерите, ниту јавните личности не можат да замислат како може да се случи таква истрага без страната која го поседува сето тоа. Но, испаѓа дека може, бидејќи голем број земји членки на Советот за безбедност на ОН велат дека, не само што нема да ја поканат Русија, туку нема ни да дозволат Русија да учествува во истрагите – изјави Захарова, а пренесе Тасс.

    Според неа, тоа е она што покажува дека Западот има што да крие.

    – Не дозволувајќи му на сопственикот – а руската страна е сопственик на опремата, инфраструктурата, самиот производ што се пумпа низ гасоводите, не дозволувајќи му да биде дел од истрагата значи дека нешто му се крие. Не е првпат Западот да прави такво нешто – рече таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img