More

    Ровер откри органска материја во кратерот Језеро на Марс

    spot_img

    Роверот „Истрајност“ на НАСА откри органска материја во нови примероци почва од кратерот Џезеро на Марс, а сега се утврдува дали во нив има траги од оригинални микроби, објави американската вселенска агенција.

    „Најдовме зрнести песочник и фрагменти од карпи кои се формираа далеку од кратерот Језеро — и лапор што содржи интригантни органски соединенија“, рече научникот Кен Фарли од Калифорнискиот институт за технологија.

    Роверот веќе анализирал примероци од карпи и потврдил дека тие содржат класа на органски молекули кои се просторно поврзани со сулфатни минерали, се додава во соопштението, пренесува Спутник.

    „Важен е фактот дека органската материја е пронајдена во еден вид седиментна карпа позната на Земјата по зачуваните фосили“, додава Фарли.

    Од 7 јули, роверот собра четири примероци од устието на древната река во кратерот Језеро, со што вкупниот број примероци од интерес за научниците се искачи на 12, се вели во соопштението.

    Кратер Језеро го добил името по општина во Република Српска. Научниците веруваат дека на кратерот имало езеро пред околу 3,5 милијарди години, поради што го добил името по оваа општина.

    На 23 септември 2019 година, американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Ерик Нелсон, на градоначалникот на Језеро му предаде писмо од американската агенција НАСА во кое потврдува дека кратерот на Марс е именуван по таа општина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img