More

    Род Стјуарт изнајмил куќа за осумчлено семејство бегалци од Украина

    spot_img

    Британската пејачка ѕвезда Род Стјуарт објави дека го користи својот витез за да им помага на другите, па изнајми куќа за осумчлено семејство бегалци од Украина.

    Пејачот откри дека обично не посветува големо внимание на својата „хуманитарна работа“, но сега постапил поинаку со надеж дека „ако јавно проговори за своите постапки, можеби ќе ги инспирира другите“.

    Стјуарт или Сер Род како што е познат по неговата британска титула, веќе најмалку една година им помага на брачната двојка Ростислав и Олена и нивните пет деца плаќајќи им кирија и комуналии во Беркшир, пишува The Mirror.

    Семејството кое пристигна во Британија и не зборуваше англиски е толку „прекрасно… љубезно и многу благодарно“, рече Стјуарт. „Тоа ме тера да сакам да направам повеќе. Размислувам да добијам друга куќа во која би преселил многу повеќе луѓе“, рече тој.

    „Обично ги задржувам сите хуманитарни акции за себе. Но, мислев „Јас сум витез“, ја добив таа титула поради она што го постигнав во мојот живот и поради хуманитарната работа на која сум посветен со години“, рече тој. „Сакам да се види дека нешто правам. Јас сум витез и ја користам својата моќ за да направам нешто за луѓето. Убеден сум дека ако луѓето видат што правам, и тие ќе направат нешто“, рече тој.

    Мирор додава дека Стјуарт и неговата сопруга Пени Ланкастер изнајмиле три камиони, ги натовариле со залихи за бегалците и ги испорачале во Украина, а овие возила потоа превезле 16 луѓе на безбедно во Берлин.

    Следниот месец Стјуарт ќе започне турнеја и ќе настапи во голем број градови (Нотингем, Абердин, Глазгов, Белфаст, Лондон, Бирмингем и Манчестер) и планира да зборува за војната во Украина и да ги посвети концертите на таа земја и нејзиниот народ .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img