More

    Ретко кој им се радува, а еве зошто се добри за нашето здравје

    spot_img

    Иако ги има на нашите трпези од дамнешни времиња, тие често не се многу омилени, туку се најчесто ручек од немајкаде. Кога станува збор за гравот, најчесто се прави кога треба да се најадат повеќе луѓе, па затоа и често се наоѓа на менито на војската, а сите велат дека кој не пробал војнички грав не знае што е грав. Но во последно време, гравот го доби заслуженото внимание и како вистинска суперхрана бидејќи содржи диетални влакна, протеини и антиоксиданти.

    Токму поради споменатите вредности, гравот исклучително поволно делува на нашето здравје. Го намалува холестеролот, го регулира шеќерот во крвта и производството на инсулин, бидејќи има низок гликемиски индекс и сложени јаглехидрати кои се варат полека, добар е за здравјето на системот за варење и штити од рак, особено од рак на дебелото црево.

    Со оглед на тоа дека сите видови на грав (бел, зелен, црвен, црн…) содржат многу малку маснотии и калории, се препорачува да се консумира почесто, а ова особено важи за луѓето кои страдаат од дијабетес и за оние кои сакаат да ја регулираат својата телесна тежина.

    Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img