More

    Реномираниот глобален бизнис магазин „Форбс“(FORBES) почнувајќи од 14 ноември отвора портали во Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и во Босна и Херцеговина

    spot_img

    Реномираниот глобален бизнис магазин „Форбс“(FORBES) почнувајќи од 14 ноември отвора портали во Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и во Босна и Херцеговина. Лансирањето на 5 нови лиценцирани дигитални изданија на економскиот магазин го соопшти „United Media“, објавија регионалните медиуми.

    Читателите ќе имаат можност да следат оригинални содржини на „Форбс“ на нивниот јазик, како и ексклузивни приказни за луѓе од овој регион кои иницираат промени, трансформираат бизнис и имаат значително влијание во општеството.

    -Порталите ќе ги водат искусни уредници и новинари кои ќе се погрижат локалната содржина да биде единствена и прилагодена на потребите на публиката. Тоа ќе биде клучен играч во промовирањето на регионалните достигнувања, истражувањето на иновациите и давањето глас на лидерите и претприемачите кои ја обликуваат иднината на овие пазари- велат од United Media.

    Повеќе од еден век, „Форбс“ е бренд кој инспирира, едуцира и инспирира акција. Обезбедува длабински увид во светот на бизнисот, економијата, инвестициите и иновациите. Тој истражува успешни претприемачи, ги анализира глобалните и локалните трендови и создава приказни кои ги мотивираат и обликуваат лидерите ширум светот.

    Со присуство во повеќе од 70 земји, „Форбс“ е синоним за врвно економско новинарство и исклучително разбирање на глобалното деловно опкружување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img