More

    Регистрирано е намалување кај новозаразените и починатите

    spot_img

    Продолжува намалувањето на бројот на заразени,  хоспитализирани и починати од ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 април 2022 година.

    Тестирани се вкупно 14.434 материјали, а регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи, со намалување од 31 отсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 2,4 до 10,6 отсто.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (622), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола – 138,6/100.000, Демир Капија – 132,4/100.000 и Ресен – 132,2/100.000.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

    Во однос на претходната недела, најголемо зголемување на бројот на заболени се регистрира кај возрасните групи од 0-9 (13,7 отсто) и 10-19 (11,6 отсто), а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 20-29 (26,6 отсто).

    Со статус „оздравени“ се стекнале 1.706 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, што е за 4,6 отсто помалку во споредба со минатата недела.

    Вкупно се пријавени 272 реинфекции, со зголемување од 1,5 отсто во однос на претходната недела.

    Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела
    (28.03-03.04.2022), за 45,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од
    нив се од Скопје (3). Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група
    над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на
    лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група
    од 0-9 години.

    Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а
    најзабележително намалување во споредба со минатата недела има кај возрасната
    група 50-59 (38,1 отсто).

    Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ на РСМ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 54 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.Во 3 (5,6%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 51 (94,4 отсто) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.

    Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 63 лица (11,3 отсто помалку во
    споредба со претходна недела), од нив 25 се на кислородна поддршка, а нема лица на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

    Заклучно со 6 апруил 2022, вакцинирани се вкупно 873.332 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.786 лица, а со трета доза се вакцинирани 155.817 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img