More

    Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски,СДСМ со пад на рејтинг

    spot_img

    Декемвриската анкета на порталот МКД која ја спроведе агенцијата „Маркет вижн“ во споредба со претходните покажува дека расте бројот на граѓаните кои би излегле да гласаат на наредните избори.

    И оваа анкета го потврди трендот на раст на популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и падот на владеачката СДСМ.

    Меѓу испитаниците почна да се појавува и новата политичка партија ЗНАМ и нејзиниот претседател Максим Димитриевски.

    На прашањето „во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба“, 12,95 отсто од испитаниците го посочија името на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 6,65 отсто од нив го избраа Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски доверба имаат само 4,25 отсто од гласачите, во Димитар Апасиев, првиот човек на Левица 3,5 %…

    За првпат во истражувањата на МКД.мк се појавува и името на Максим Димитриевски, претседателот на новата политичка партија ЗНАМ со 2,1 отсто доверба.

    Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија.

    Кај лидерите, според анкетите на МКД во февруари, јуни септември и декември, воочлив е растот на популарноста на Мицкоски (од 11 на 13%), падот на Ковачевски (од 8,2 на 4,3 отсто) и на Апасиев (од 4 на 3,5%), и стабилноста во популарноста на Али Ахмети околу 6 отсто.

    Анкетирањето е спроведено од 8 до 15 декември со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.067 испитаници со интервал на доверба 95% и маргина на грешка +-3%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

    Сите резултати од анкетата на МКД погледнете ги тука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img