More

    Ракометарите на Вардар 1961 не успеаја да изборат пласман на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига

    spot_img

    Ракометарите на Вардар 1961 не успеаја да изборат пласман на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, откако вечерва во драматичен четвртфинален натпревар загубија на домашен терен од хрватски Нексе со 32-30 по изведување пенали.

    Натпреварот во салата „Јане Сандански“ во Скопје беше во поголем дел во знакот на хрватскиот вицешампион, кој имаше предност на полувреме (15-12) и го одржуваше водството до завршните 15-ина минути, кога Вардар потпомогнат од публиката ја стопи предноста на противникот.

    На 17. секунди пред крајот при резултат 28-28, Вардар го имаше последниот напад за победа, но Филип Талески биеше непрецизно, а хрватскиот вицешампион беше поуспешен во изведувањето пенали и обезбеди пласман на фајнлфорот што од 2 до 4 септември ќе се одржи во Задар.

    Најефикасен вечерва во редовите на Вардар беше Талески со 11 голови, додека Дејан Манасков постигна осум голови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img