More

    Путин во Владивосток: Западните земји не можат да ја изолираат Русија и покрај санкциите

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин изјави во Владивосток дека е невозможно западните земји да ја изолираат Русија и покрај санкциите против Москва, кои претставуваат „закана за целиот свет“. Путин, исто така, предупреди дека Москва повеќе нема да испорачува нафта или гас на земјите што ја ограничуваат цената.

    „Колку и да некои би сакале да ја изолираат Русија, тоа е невозможно да се направи“, рече Путин на економскиот форум фокусиран на Азија.
    Рускиот претседател додаде дека пандемијата на коронавирус е заменета со нови глобални предизвици кои му се закануваат на целиот свет, наведувајќи дека мислел на „западната треска на воведување санкции“.

    Путин рече дека извозот на жито од Украина оди главно во европските земји, а не во сиромашните земји, што претставува ризик од „хуманитарна катастрофа“.

    „Речиси целото жито што се извезува од Украина не се испраќа во земјите во развој и посиромашните, туку во земјите од Европската унија“, додаде Путин.

    Претседателот на Русија на форумот ја поздрави „сè поголемата улога“ на азиско-пацифичкиот регион во светските работи, за разлика од Западот, чија улога е „во опаѓање“.

    „Улогата на земјите во азиско-пацифичкиот регион значително порасна“, додаде Путин.

    „Ограничување на цените – прекин на испораката“
    Москва повеќе нема да испорачува нафта или гас на земјите што ја ограничуваат цената, предупреди Владимир Путин, додека Западот размислува да воведе таква мерка.

    Ограничувањето на цените „би било апсолутно глупава одлука“, рече Путин во Владивосток.

    „Нема да испорачаме ништо ако тоа е спротивно на нашите интереси, во случајов економски. Ни гас, ни нафта, ни јаглен… Ништо“, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img