More

    Путин тврди дека не планира напади на други европски земји

    spot_img

    Москва не бара конфронтација со американските вазали во Источна Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

    Неколку западни функционери се обидоа да соберат поддршка за поголема помош за Украина тврдејќи дека Москва нема да запре доколку Киев биде поразен на бојното поле.

    Путин се осврна на овие тврдења за време на посетата на воздухопловната база Торжок во Тверската област.

    – Тоа е бесмислица. Тврдењата дека по Украина ќе ја нападнеме Европа – тоа е целосна бесмислица и заплашување на сопственото население само за да извлечат пари од нив. „Американските сателити“ во Источна Европа немаат причина за страв – рече рускиот претседател, укажувајќи на нееднаквоста во трошоците за одбрана на Русија и буџетите на војската на НАТО.

    Според него, разговорот за потенцијален руски напад врз Полска, Чешка или балтичките земји е само пропаганда на владите кои настојуваат да ги исплашат своите граѓани „да извлечат дополнителни трошоци од народот, за да ги натераат да го носат овој товар на своите плеќи“.

    – НАТО се шири кон руските граници, а не обратно – рече Путин.

    Тој додаде  дека Русија само „го штити својот народ на неговите историски територии“.

    – Тие дојдоа точно до нашите граници. Дали ние отидовме преку океанот до границите на САД? Не, тие ни се доближуваат и многу блиску се приближија – рече Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img