More

    Путин даде совет и му посака на Катар добар турнир

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин му посака среќа на Катар да биде домаќин на Светското првенство и понуди да го сподели искуството што неговата земја го стекна при организацијата на Светското првенство во 2018 година.
    Катар е првата арапска земја домаќин на Светското првенство, а за првпат ќе имаме зимско светско првенство. Светското фудбалско првенство ќе започне на 20 ноември, а финалето е закажано за 18 декември.

    Најмалку 1,5 милиони луѓе се очекува да го посетат Катар во текот на тие месеци. Русија му понуди на Катар да го сподели искуството стекнато за време на организацијата на Светското првенство во 2018 година.

    „Ќе направиме се за да ви ги пренесеме нашите искуства кои ги имавме за време на подготовките за Светското првенство. Го знаеш тоа, сме разговарале претходно. Би сакал да ви посакам среќа и успешен турнир. Сосема сум сигурен дека нема да биде поинаку“, рече Путин на средбата со владетелот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Хусеин, во Астана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img