More

    Прв лет на туристи во Вселената

    Вселенскиот брод „Џунити“ со тројца туристи и тројца членови на екипажот на компанијата „Вирџин Галактик“ успешно се врати на Земјата, откако стигна до работ на вселената.

    Како што пренесува „The Guardian“, туристите од таа точка, на височина од 13 и пол километри, ја набљудувале заобленоста на планетата и почувствувале отсуство на земјина гравитација, односно бестежинска состојба, по што се вратиле на Земјата.

    Првите патници кои ги превезуваше американската компанија „Вирџин Галактик“ денеска пристигнаа во вселената, соопшти компанијата основана од милијардерот Ричард Бренсон, со што го исполни ветувањето дадено пред 20 години.

    Во вселенскиот брод „Единство“ беа Кејша Шахаг и нејзината ќерка Анастасија Мајерс од Абердин, која на лотарија освои место на вселенски патувања, како и поранешниот олимпиец Џон Гудвин од Њукасл.

    Тие поминаа неколку минути во вселената, од каде можеа да се восхитуваат на Земјата и накратко да лебдат во бестежинска состојба, покажува видеото на компанијата.

    Оваа мисија наречена „Галактик 02“ е втор комерцијален лет на компанијата, по првиот реализиран на крајот на јуни.

    Леталото со ракетен погон безбедно слета во Spaceport America во Ново Мексико.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img