More

    Прозивка од ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска и Ковачевски

    spot_img

    ЈСП им должи на приватните автобуски превозници речиси 1,5 милиони евра, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, повикувајќи се на билансна карта на ЈСП.

    – Почитувани ова е билансната картица на ЈСП од 01 јануари 2022 до 30. ноември 2022 година. Тука се гледа вистинскиот долг на ЈСП кон приватните превозници. Според картичката, на ТД Слобода превоз, ЈСП должи 61.812.593 денари. На Макекспрес превоз ЈСП до 30 ноември должи 29.912.861 денари. Тоа се 1.005.083 евра за Слобода превоз, како и 486.388 евра за Макекспрес превоз. Вкупно долгот на ЈСП кон приватните превозници изнесува 99.725.454 денари или 1.491.471 евра – рече Стоилковски.

    Тој потсети дека од 12 мај со ЈСП управува директор од редовите на СДС, поставен од Данела Арсовска, а коaлицијата меѓу Арсовска и СДСМ е потврдена со тајните средби на Димитар Ковачевски и Данела Арсовска.

    – Наместо да се санира долгот, СДС и Арсовска веројатно намерно не го покриваат долгот, за да може да се реализира планот за превозот во Скопје да го преземе договорена бугарска фирма, којашто можеби по банкротот на ЈСП би можела и сиот превоз во градот да се предаде на истата фирма. Затоа, нема одговори на прашањето дали има договор за бугарска фирма која што доаѓа од близу Софија и дали автобусите се пристигнати во близина на Скопје? Зошто нема ниту барање од СДС за оставка на Арсовска за долгот од милион ипол евра кон приватниците, ниту за штетната набавка на нафта за ЈСП за цели 118 денари за еден литар гориво – праша Стоилковски.

    Тој рече дека Ковачевски и владата одбиваат решение за проблемот, а тоа е преземање на ингеренциите, обештетување на долгот на ЈСП кон превозниците, ревидирање на договорот за гориво со фирма на пратеник од СДСМ, но и ревизија за евентуалната улога на Драги Митевски Книга во делувањето на ЈСП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img