More

    Противникот од сенка открива дека Путин е во ќорсокак

    spot_img

    Путин би можел да го загуби животот ако ја загуби војната, втеран е во ќорсокак, но нема да употреби нуклеарно оружје, туку ќе ја искористи мобилизацијата, смета главниот критичар на рускиот претседател од странство. Михаил Ходорковски е олигарх кој пребегал во Британија и често дава интервјуа во врска со војната.

    – Путин сега е во тешка ситуација, ако ја изгуби војната во Украина, ќе ги изгуби моќта и авторитетот, а веројатно и животот. Во овој контекст тој е подготвен да ги искористи сите средства што му стојат на располагање, неговата закана со нуклеарно оружје не е блеф. Но, сега кога најави мобилизација, тоа значи дека не планира да користи нуклеарно оружје во скоро време, веројатно ќе биде одложено до следната година – вели Ходорковски за Си-Ен-Ен.

    Но, ако мобилизацијата не го даде резултатот, некогашниот олигарх предвидува дека нуклеарното оружје ќе се врати во игра.

    – Мислам дека ако мобилизацијата не ја донесе победата што (Путин) ја очекува, употребата на нуклеарно оружје ќе се врати на дневен ред. Кога ја најави мобилизацијата, тој направи опасен потег, им даде оружје на обичните луѓе, а кои се тие? Кога ќе дојдат на фронтот и кога ќе видат каква е ситуацијата и што се случува, лесно можат да се свртат и да го нападнат Кремљ. Тоа се случувало и порано во руската историја – подвлекува Ходорковски.

    Олигархот бил поранешен нафтен директор кој поминал неколку години во затвор. Откако почна војната во Украина тој беше ставен на црниот список на непријатели на Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img