More

    Протестираат вработените на „Колска“,железницата во прекин…

    spot_img

    Седумдесетина вработени на велешката фабрика за шински возила „Колска” предводени од Синдикатот, кој е членка на ССМ, утрово од 07 до 09 часот го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес.

    Вработените, предводени од Синдикатот на „Колска“, се револтирани поради тоа што веќе пет-шест месеци Управата за јавни приходи им ја блокирала сметката поради заостанат долг од околу 650 илјади евра за периодот од 2013 до 2017 година. Директорот на „Колска” Мите Јанков бара итно да биде одблокирана сметката за да може претпријатието да набави репроматеријали да плати струја и други комунални трошоци.

    – Во периодот од 2013 до 2017 година поранешното раководство на „Колска” воопшто не плаќало ДДВ поради што направило долг од околу 650 илјади евра. УЈП бара од „Колска” тој долг законски да се плати во рок од три години по 20 илјади евра месечно. Ние тој долг не можеме да го платиме со овој број на 70 вработени што останаа на работа. Можеме да си го платиме само за тековниот месец, односно онаа работа што сега ја работиме, само за неа можеме да платиме ДДВ – вели Јанков.

    Тој бара од Владата итно да им помогне, а за утре вработените најавуваат дека ќе дојдат на протест во Скопје. Ако се затвори „Колска”, велат тие, тогаш ќе нема кој да ги репарира вагоните на Железници и ќе мора да се носат во Србија, Грција или Бугарија.

    Тони Арсов, претседател на Синдикатот на „Колска“, закажан е протест пред Владата за утре во 9 часот. Засега најголем проблем им е да обезбедат превоз за 70 работници од Велес за Скопје и обратно.

    Во моментот во работилницата на „Колска” има 25 товарни вагони за репарација и еден патнички вагон, кои треба да бидат завршени до Нова Година. „Колска” е единствена фабрика со ваква намена во земјава, која порано беше во состав на Железници. Сегашните 70 од некогашните 350 вработени со години бараат повторно да бидат вратени во состав на Железници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img