More

    Пронајдени се делата на Павле Кузмановски, полицијата го уапси крадецот

    spot_img

    Полицијата од ПС Центар вчера го уапсила 33-годишниот Е.Д. од Скопје,  на кого судот потоа му одреди притвор. По него се трагаше со локална потерница поради основано сомнение дека на 26 и 27 јуни 2022 сторил две тешки кражби на уметнички слики од Павле Кузманоски во книжарницата  „Матица ексклузив“, на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје.

    – Дел од украдените уметнички слики се пронајдени и вратени на сопственикот. Е.Д. е задржан во Полициска станица Центар и во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е  мерка притвор – соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

    Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ на 27 јуни информираше дека два дена по отворањето на изложбата на слики од уметникот Павле Кузманоски, биле украдени 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејзажи создадени во изминатите 60 години.

    – По големата кражба во седумдесеттите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар – соопштија од  „Матица ексклузив“ во понеделникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img