More

    Припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари

    spot_img

    Припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари, потврдено е на средбата вчера во Министерството за одбрана на министерката Славјанка Петровска со првите луѓе на четирите синдикати во Министерството и Армијата.

    Како што соопштија од Министерството за одбрана, тоа значи дека со октомвриската плата која што ќе се исплати во ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на основната плата од 2.000 денари.

    -Армијата е гарант за безбедноста на секој граѓанин и затоа и за мене како министерка и за Министерството, унапредувањето на положбата на секој армиски припадник останува приоритет – рече министерката Петровска.

    Станува збор за сума за покачување на платите на припадниците на Армијата за која министерката Петровска и претставниците на синдикатите во Министерството и Армијата преговараа и постигнаа согласност во пресрет на усвојувањето на Законот за служба во Армијата.

    На средбата во рамките на воспоставениот дијалог, на која со министерката Петровска и претставниците на синдикатите разговараа и претседателот на ССМ, Дарко Димовски и советникот на премиерот за одбрана, Драган Василевски, беше потврдена заедничката заложба за понатамошно периодично зголемување на платите што ќе придонесе за понатамошно зголемување на стандардот на припадниците на Армијата, стои во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img