More

    Принцот Хари ја шокираше светската јавност со тврдењата што ги изнесе за кралското семејство во интервјуто со Опра Винфри

    spot_img

    Принцот Хари ја шокираше светската јавност со тврдењата што ги изнесе за кралското семејство во интервјуто со Опра Винфри, потоа во документарниот филм емитуван на Нетфликс, но и со неговата автобиографија „Резерва“ (Spare, во чии исечоци откри неколку работи кои јавноста не ги знае, пишува „Мондо.рс“.

    Мемоарите на Хари треба да излезат утре.

    Хари откри дека се скарал со Вилијам поради Меган, дека невиноста ја изгубил зад бар на 17 години, а сега во едно интервју кое му претходи на објавувањето на неговата книга изјави дека „Камила е злото во семејството“, дека има врски со новинарите на кои им давала приказни… А, на гледачите им пречело како тој се однесувал за време на интервјуто.

    Кога новинарот го прашал дали претерал со приказните за Вилијам, односно, дека би било убаво да ги слушне и другата страна и да ги открие причините зошто идниот британски престолонаследник имал таков однос кон него и дека можеби бил во право за некои работи, Хари станал поинаков и почнал да зазема остар став и да одговара поинаку.

    „Тоа се навистина храбри тврдења“, му рекол тој на Бригби, кој потоа почнал да го испрашува за други детали од неговата книга.

    „Пишувате и дека сте ја изгубиле невиноста зад барот…“ почнал тој, за Хари остро да му возврати: „Тоа се четири реда во книгата, можеби треба да разговараме за тоа како вие ја изгуби невиноста?“.

    Репортерот се насмевнал и ја свртел ситуацијата на шега велејќи: „Не, подобро да не“, и го продолжи интервјуто, но тоа било доволно за гледачите да почнат да коментираат на социјалните мрежи.

    „Дали видовте како се однесува кога ќе му поставите тешко прашање?“, „Стана безобразен по наводите дека Вилијам можеби е добар и дека не мислел ништо лошо“, „Не би сакал да ми се налути сега кога гледам како се однесува“, напишал еден корисник на Твитер, додека друг го сумираше целото интервју со зборовите: „Ова е гадно за гледање“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img