More

    Принцезата Шарлин од Монако се врати дома откако мина 4 месеци во психијатриска установа

    spot_img

    Принцезата Шарлин од Монако се врати дома откако мина 4 месеци во психијатриска установа, пренесе магазинот People.

    Во соопштението од палатата во Монако оваа информација е потврдена и е наведено дека принцезата ќе продолжи да закрепнува покрај сопругот Алберт и децата.

    Шарлин во ноември беше хоспитализирана во една швајцарска клиника поради емотивна и физичка истоштеност. Принцот Алберт претходно за People изјави дека самата одлучила дека треба да се лекува, а нејзината одлука ја поддржале сите членови на семејството.

    Според лекарите, принцезата е на добар пат да закрепне. Во соопштението е наведено дека таа ќе се врати на нејзините обврски, штом се подобри нејзината здравствена состојба.

    Се очекува тоа да се случи во наредните неколку недели.

    „На принцезата сè уште ѝ е потребен мир така што молиме јавноста да ја почитува нејзината приватност“, стои во заклучокот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img