More

    Претседателот на Комората ќе разговара со повеќе инвеститори во Германија

    spot_img

    Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Советот за унапредување на индустриското производство и за извоз при Комората, Виктор Мизо, се во дводневна бизнис посета во Германија, информираат денеска од СКСМ.

    Во рамки на посетата во седиштето на Асоцијацијата на германски стопански и индустриски комори (ДИХК), Азески и Мизо ќе имаат средба со раководството на ДИХК. Во текот на денот ќе се реализираат средби и со постојните германски инвеститори во Македонија за продлабочување на соработката, а ќе остварат контакти и со нови потенцијални инвеститори.

    ДИХК, која е формирана пред 150 години, во 1872 година, претставува централна организација која обединува 79 локални стопански и индустриски комори (Industrie- und Handelskammern, IHKs) низ цела Германија. Седиштето е во Берлин, од каде што успешно координира мрежа на повеќе од 140 стопански комори, делегации и претставништва на германското стопанство во 92 земји во светот.

    Таа има своја канцеларија во Брисел повеќе од 60 години (oд 1961 година) за да ги застапува интересите на германските компании. Од 2004 година е лоцирана на едно место, преку европската чадор-организација Eurochambres во „Куќата на европските комори” во Брисел, со цел зајакнување на соработката со европските партнери.

    Главните задачи на коморите се унапредување на надворешната трговија, стручно оспособување, регионален економски развој и општи услуги за своите членки. Членството во Комората е задолжително, што значи дека сите компании регистрирани во Германија, со исклучок на занаетчиите, слободните професии и на фармерите, со закон за стопански комори -IHK-Gesetz од 1956 година се обврзани да се приклучат во Комората. ДИХК има повеќе од три милиони членки, меѓу кои членки се не само големи компании, туку и трговци на мало и угостители.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img