More

    На Украинците им снема моќни ракети со кои можеа да ја таргетираат Русија

    spot_img

    Германскиот парламент во средата вечерта го отфрли предлогот на ЦДУ и ЦСУ за испраќање ракети со долг дострел Таурус во Украина.

    Речиси сите претставници на владејачката коалиција – социјалдемократи, зелени и либерали – го отфрлија предлогот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и сестринската баварска Христијанско-социјална унија (ЦСУ) за испраќање на оваа модерна ракета од шведско-германско производство во Украина.

    Германската агенција dpa пишува дека резултатот од гласањето е збунувачки бидејќи Зелените и либералите со месеци бараат од канцеларот Олаф Шолц да ги испрати оние проектили кои ќе му овозможат на Киев да пука длабоко во руска територија.

    Либералните пратеници тврдат дека гласале против бидејќи предлогот бил поврзан со годишниот извештај на парламентарниот комесар за германските вооружени сили, „што не е соодветно“, напиша Мари-Агнес Штрак-Цимерман, која сепак го поддржува испраќањето на тоа оружје во Киев.

    Taurus е една од најмодерните ракети, способна да уништи бункерски комплекс од голема далечина и висина. Шолц на почетокот на октомври одлучил дека засега нема да ја снабдува Украина со ова оружје, плашејќи се токму дека Украина би можела да ја таргетира руската територија, пренесува dpa.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img