More

    Премиерот вели дека народот ќе ги препознае добрите политики

    spot_img

    „Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. Благодарение на првичните политики и одговорното владеење, ветувањето на СДСМ од 2017 година е целосно реализирано!“, објави на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

    „Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев од опозицијата која силно се противи на растот на платите, но и покрај честите опструкции од нив – успеавме. Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики. Со покачувањето на платите ги штитиме граѓаните од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно, да обезбедиме повеќе приходи, да ги намалиме ценовните шокови и заеднички полесно да ја надминеме кризата“, објави Ковачевски.

    Тој изразува благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои, како што напиша, доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување.

    „Силно верувам дека граѓаните ќе ги препознаат и наградат овие политики на СДСМ“, напиша Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img