More

    Премиерот не брза за дуел со Мицкоски

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе има дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кога за тоа ќе дојде време. Како што рече вечерва, расправа се води во институциите, а не на лидерски средби и тв дебати.

    Според Ковачевски, единствено што го интересира Мицкоски е блокирање на сите процеси во државата.

    Тој уште еднаш ја повика опозицијата да ги откочи процесите кои значат унапредување на државата и интеграција во ЕУ.

    Според премиерот, Мицкоски воопшто не бара дебата.

    – За најновата тема – договорот за изградбата на коридорите со „Бехтел и Енка“ бараа дебата во Собранието, а две недели не сакаат да закажат комисија, бараа дебата за уставните измени, а не прифатија да бидат дел од Комисијата за уставни измени, имаме тимови за преговори со ЕУ во кои од прв ден ја поканивме опозицијата, но не учествуваат, имавме почеток на преговори со ЕУ, им рековме да учествуваат, одбија, а можеа да ги кажат своите ставови – истакна Ковачевски, додавајќи дека во моментов заради опструкциите има блокирани половина милијарда пари за граѓаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img