More

    Премиерот Димитар Ковачевски смета дека опозицијата треба да прифати учество во работната група за уставните измени

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски смета дека опозицијата треба да прифати учество во работната група за уставните измени, што е следна фаза од процесот на менување на највисокиот правен акт на државата.

    На новинарско прашање премиерот појасни дека ќе се формира експертска работна група што ќе биде координирана од Министерството за правда со цел подготвување на амандманите, по што ќе има широка јавна расправа, а потоа и парламентарна, во неколку чекори, вклучително и гласање.

    – Сметам дека опозицијата тоа треба да го прифати иако се покажало во минатото дека тие во ништо не сакаат да учествуваат освен во блокирање на Собранието. Меѓутоа, мислам дека овој пат треба да учествуваат – рече Ковачевски.

    Како што наведе премиерот, работната група ќе вклучува експерти по уставно право и правници, а ќе бидат повикани и експерти од политичките партии, меѓу кои и од опозициските.

    – Ние во моментов зборуваме за уставни измени, меѓутоа никој од граѓаните не видел како изгледаат тие уставни амандмани. Значи, прва фаза е тие да бидат напишани од страна на експерти. Не зборуваме само за вметнување на Бугарите во Уставот, туку зборуваме и за другите заедници коишто изразиле желба да бидат дел од нашиот Устав, во којшто веќе има други коишто се вклучени – изјави Ковачевски.

    Откако ќе бидат утврдени амандманите, појасни премиерот, тогаш ќе бидат ставени на увид и на широка расправа во општеството, помеѓу академската, бизнис заедницата, невладините организации, медиумите, граѓаните, за да може сите да го кажат своето мислење.

    – Потоа следува фаза, нормално, на парламентарна дебата, во неколку чекори коишто вклучуваат и двотретинско и апсолутно мнозинство во однос на носење на уставни измени – изјави Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img