More

    Преку своите иновативни драми му дава глас на неизреченото

    spot_img

    Норвешкиот писател Јон Фосе е овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература поради „неговите иновативни драми и проза која дава глас на она што не може да се изговори“, соопштија од Нобеловиот комитет.

    Фосе е роден во 1959 година во норвешкиот град Хаугесунд, а во неговото детство преживеал сериозна несреќа поради која безмалку го изгубил животот. Ова искуство има оставено длабока трага во неговите дела.

    Неговиот дебитантски роман „Црвено, Црно“, објавен во 1983 година, е напишан на ниноршки, еден од двата официјални јазични дијалекта на норвешкиот јазик. Ова претставува значајно дело поради неговата бунтовност и емотивна сировост, која ја обработува темата на самоубиство, која на повеќе начини се преплетува и во неговите подоцнежни дела.

    Неговата прва драма „И никогаш нема да бидеме разделени“ била објавена и изведена во 1994 година, но пробивот како врвен драмски писател го доживеал во 1999 година, со продукцијата на неговата драма „Некој ќе дојде“, во која се обработуваат теми поврзани со исчекувањето и љубомората.

    „Неговиот огромен опус напишан на ниноршки, кој се протега низ разни жанрови, е составен од богатство од драми, романи, поетски колекции, есеи, детски книги и преводи. Иако денеска тој е најпознат поради неговите драми кои се играат низ светот, тој исто така станува се` повеќе признат поради неговата проза“, наведува Нобеловиот комитет.

    Делата на Фосе се преведени на повеќе од 40 различни јазици.

    Покрај признанието Фосе ќе добие и парична награда од 11 милиони шведски круни (нешто помалку од милион евра) од наградниот фонд на Нобеловата награда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img