More

    Пожарникарите во Хонг Конг се уште се борат со пожарот што избувна во магацин, евакуирани се 3.400 луѓе

    spot_img

    Пожарникарите во Хонг Конг во петокот попладнево се уште се борат со пожарот што избувна во магацин. Евакуирани се 3.400 луѓе, соопшти полицијата.

    Противпожарните екипи беа на местото на пожарот и ги евакуираа околните згради, вклучително и училиштата, а засега нема информации за жртви.

    На две лица кои работеле во близина на локацијата каде избувнал пожарот им се слошило откако вдишале чад, а луѓето од четири училишта и една станбена зграда во близина морале да бидат евакуирани, соопшти полицијата.
    Владата отвори привремено засолниште во спортскиот центар за евакуираните и ги советуваше граѓаните да ги затворат вратите и прозорците.

    Пожарот избувнал околу 14 часот по локално време во складиште во станбена и индустриска област во Коулун.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img