More

    Пожарите беснеат низ Медитеранот, најлош во Алжир – загинаа 34 лица

    spot_img

    Борбата со пожарите низ Медитеранот трае со денови, високите температури и ветерот го подгреваат огнот, пишува Ројтерс и посочува дека најтешко е во Алжир, каде при евакуацијата животот го загубија 34 лица, меѓу кои 10 војници. на населението.

    Во Грција се уште се борат со пожарите. Најтешка е ситуацијата во областа Магнезија, во близина на градот Волос, каде во средата животот го загубија две лица.

    Пораката за евакуација е испратена утринава за областите на девет населени места во областа Магнезија, а во текот на ноќта се евакуирани и жители од уште две населби, јавува ЕРТ.

    Пожарникарите се обидуваат да го спречат пожарот да стигне до станбените области на Волос. Со пожарот се гаси и во селата околу Ламија.

    Во Италија ситуацијата е тешка во пет региони, од Сицилија на југ до Пуља на северот на земјата.

    На југот на Италија само во изминатите три дена имало речиси 2.000 интервенции, а мобилизирани се 1.500 противпожарни возила.

    Во Португалија, најлошо е во Каскаис, каде пожарот зафати површина од 145 квадратни километри. Во акцијата за гаснење беа вклучени повеќе од 600 пожарникари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img