More

    Поранешното момче ја откачило зошто не ставила ботокс

    spot_img

    Холивудската ѕвезда Шерон Стоун (64), во своето последно интервју за „Вог Арабија“ откри дека повеќе не планира да оди на естетски зафати. Иако порано користела ботокс, со тоа исто така престенува.

    Стоун вели дека еден од нејзините поранешни партнери ја оставил затоа што ја донела таа одлука.

    Имено, како што раскажала, тој ја прашал дали планира да користи ботокс, на што таа одговорила „не“, а тој не го прифатил баш најдобро тој одговор.

    „Го видов уште еднаш потоа и тој повеќе не беше заинтересиран за мене. Ако некој не гледа во мене повеќе од ботоксот, тогаш ве молам, знаете каде е вратата“, порачала таа. Стоун не го открила името на партнерот кој ја оставил поради оваа причина.

    Актерката истакнала и дека го зацврстила својот став по аневризмата во 2001 година, која за малку ќе ја чинеше живот. Тогаш операцијата траела седум часа, а процесот на опоравување бил долг.

    „Имаше период кога користев ботокс, филери и слично, а потоа имав голем мозочен удар и девет дена крвавење во мозокот и морав да примам повеќе од 300 инјекции ботокс и филери за да ми се врати едната страна од лицето во нормала“, се присетила таа.


    Иако Шерон зборувала дека е задоволна во сопствената кожа, вели дека е свесна дека жените стануваат невидливи како што стареат во светот во кој владеат сексизмот и предрасудите за годините.

    „Мислам дека во уметноста на достоинственото стареење постои нешто секси во поседувањето несовршености. Тоа е сензуално. Луѓето се плашат од промени и од тоа дека ќе изгубат нешто. Не разбираат дека со тоа исто така нешто добиваат. На пример, кога ја изгубив „дебелината“ во моето лице добив сјајни јаболкници“, рече таа.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img