More

    Поранешниот албански премиер најави тужба

    spot_img

    Поранешниот албански премиер и актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, реагираше во врска со изјавата на германскиот пратеник од ЦДУ/ЦСУ, Гинтер Крихбаум, дека обвинувањата за пасивна корупција од страна на СПАК, против Бериша, се многу сериозни и дека треба брзо да се пристапи кон одземање на неговиот пратенички имунитет.

    – Тоа е недостоен чин. Ова е измама на човек потплатен или не, но кој, на прво место, се посрамоти самиот себе си. Овој мисли дека Албанија се наоѓа некаде надвор од земјината топка, не функционира интернетот и оти ништо не функционира и дека патникот може да објави каква било фикција. Ги уверувам моите пријатели во Бундестагот дека имам најголема почит, но Гинтер Крихбаум го прави ова за свои лични интереси. Јас за неговата денешна изјава, му гарантирам, дека ќе му дадам можност во судница да го оправда својот аморален однос – обвини Бериша.
    Бериша му порача дека тој не може да се меша во внатрешните работи на една партија и го обвини дека врските со Љуљзим Баша, лидер на второто крило на ДП, се за да го залажува народот.

    – Господине Гинтер Крихбаум, започнав консултации со правни експерти и ќе вложам максимални напори за праведен правен процес против вас, а не против Бундестагот, против вас. Врските со Баша не треба да се користат за залажување на цел народ – рече меѓу другото Сали Бериша.

    Германскиот пратеник Крихбаум, кој е во дводневна посета на Албанија, освен што повика на забрзување на постапката за одземање на имунитетот на Бериша, рече дека со одложување на овие постапки може да има ризик од уништување на доказите или лицата под истрага да ја напуштат земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img