More

    Поранешен шеф на Пентагон: Путин е лик од романот на Достоевски, си легнува лут

    spot_img

    Поранешниот американски секретар за одбрана Џим Матис остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи ја неговата инвазија на Украина „неспособна“ и „непромислена“.

    Во својот говор во Сеул, Матис го спореди Путин со параноични ликови од романот на рускиот писател Фјодор Доостоевски.

    „Путин е лик веднаш излезен од романот на Достоевски. Тој оди во кревет лут, исплашен, мисли дека Русија е опкружена со кошмари“, рече Матис на состанокот организиран од Форумот за меѓународни односи во Сеул, Корејското друштво и Центарот за стратешки и меѓународни студии, пренесува Гласот на Америка.

    Поранешниот шеф на Пентагон не се огласуваше многу во јавноста откако во 2018 година поднесе оставка поради несогласувања со тогашниот претседател Доналд Трамп.

    Матис не зборуваше директно за спорот со Трамп, нагласувајќи само дека поранешниот претседател се залагал за неконвенционална надворешна политика која ги доведува во прашање американските односи со сојузниците.

    Најострите коментари на Матис беа за Путин, за кого рече дека е полуден и не може да носи паметни одлуки бидејќи нема луѓе околу него кои добро ќе го советуваат.

    На прашањето за најголемите лекции од руската војна во Украина, Матис одговори: „Некомпетентни генерали не треба да ги водат вашите операции“. Тој, исто така, оцени дека руската инвазија е „тактички неспособна“ и „стратешки непромислена“.

    „Војната е доволно трагедија без дополнителна глупост“, нагласи поранешниот американски министер за одбрана. Тој, исто така, ја критикуваше Кина за нејзините сè поблиски односи со Русија и нејзината неподготвеност да го изрази своето противење на војната во Украина.

    Една земја „не може да биде одлична ако ја поддржува руската криминална инвазија на Украина“, рече Матис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img