More

    Популарниот пејач Петар Грашо не може да присуствува на породувањето на својата сопруга

    spot_img

    Како што пишуваат хрватските медиуми, популарниот пејач Петар Грашо не може да присуствува на породувањето на својата сопруга.

    Терминот на породувањето на Хана Хуљиќ е познат, а нејзиниот сопруг, пејачот Петар Грашо тој ден, како што пренесуваат медиумите, нема да биде со неа на породувањето.

    Нејзиното породување наводно е закажано за крајот на јули, датумот е познат, но тој ден Грашо има закажан насап, па нема да може да биде покрај својата сопруга.

    Како што веќе е познато дека брачниот пар Хуљиќ – Грашо избрале име за својата наследничка – Алба. На свет би требало да дојде на 23 јули.

     

    Многумина се изненадени од тоа што пејачот нема да биде тој ден на породувањето покрај Хана, меѓутоа, таа немала ништо негативно да каже за него.

    „Секој слободен момент го поминува со нас“, рекла кратко Хана за „Стори.хр“.

    За потсетување, Хана Хуљиќ жешките летни денови ги поминува со најблиските луѓе. Иако таа на Инстаграм не објавува често фотографии од неа, сега споделила моменти со својата пријателка и кума, Доменика Жувела.

    „Се чувствувам како секоја втора трудница во светот – сè е во ред“, рекла Хана Хуљиќ Грашо неодамна за „РТЛ ексклузив“.

    Тогаш открила и дека времето до породувањето го поминува информирајќи се, па постојано пребарува нови работи и феномени, и како што истакнува, воопшто нема стрес.

    „Тој се грижи за себе и сите нас, голем хипохондрик е“, изјавила убавата трудница.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img