More

    Помалку метеж, почист воздух, повеќе вработувања и пари во буџетот…

    spot_img

    Групација на авто-такси превозниците на Град Скопје до надлежните институции упати барање за решавање на проблемите во автотаксипревозот во Скопје во кое ги истакнуваат проблемите, нудат решенија за нив и укажуваат на придобивките од нивното решавање.

    „Покрај средувањето на хаосот во такси-превозот ќе има намалување на сообраќајниот метеж и намалување на загадувањето во град Скопје бидејќи најмалку 1.500 диви такси возила ќе се отстранат, а тоа значи помалку издувни гасови од 24 тона гориво. Со инспекциска контрола за пријавени такси возачи во Агенцијата за вработување ќе имаме нови брзи вработувања минимум од 1200 – 1500 такси возачи, бидејќи ќе ги нема пензионерите, непријавените возачи ќе мора да се пријават, а тоа е месечно по минимум 200 илјаевра повеќе во државниот буџет. За решение на проблемите во такси превозот воопшто не треба да се трошат пари од буџетот“ – нагласува Групација на авто-такси превозниците на Град Скопје, испратено до градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со Советот на Град Скопје, до Советот за сообраќај и до Инспекторатот на Град Скопје.

    Групација на авто-такси превозниците ги наведува најголемите проблеми со кои се соочува:

    – Проблеми со жолтите таблици, не можат таксистите да обноват возила

    Градот бара жолти таблици за да издаде лиценца или извод од лиценца, а во станиците на технички преглед службениците од МВР бараат лиценца за да издадат жолти таблици. Ова и можноста за издавање на извод од лиценца без да има вработено минимум еден такси возач , со измените во 2018 година е резултат на договорот помеѓу поранешниот Градоначалник Шилегов и Владата , без никакви консултации со претставници на такси фелата и затоа ова е нефункционално.

    – Такси возила без лиценца

    Голем е бројот на такси возила кои немаат лиценца кои претежно функционираат пред Ист Гејт, Сити Мол, Бит Пазар, Рампа Илинден, Клиника, Транспортен центар и на такси станици надвор од централното подрачје.

    – Лиценцирани такси возила со непријавени такси возачи

    Градот нема никаква евиденција за такси возачите кои ги возат граѓаните, дали се подобни да обавуваат ваква јавна дејност, дали се пријавени во АВРМ. Затоа имаме неподобни лица кои возат такси возила и многу пензионери. (Само 15-сетина проценти се пријавени во АВРМ од вкупно издадените изводи од лиценци).

    – Лиценцирани такси возила со диво наштелувани фискални таксиметри

    Има голем број такси возила кои имаат на диво наштелувани тарифи на фискалните таксиметри,се препознаваат по тоа што немаат налепница и пломба на таксиметарот и налепници со ценовник од инспекциското тело на прозорите на задните врати.Сертификат за баждареност никој не им бара.

    – Лиценцирани такси возила без фискални таксиметри

    Многу лиценцирани такси возила немаат во возилото фискални таксиметри, возат со стари таксиметри или преку апликации од мобилни телефони.

    – Лиценцирани такси возила без задолжително обележување

    Постојано гледаме возила необележани или со различни бои од брендираната бело-жолта како секојдневно вршат авто такси превоз.

    – Изводот од лиценца не се совпаѓа со возилото

    Изводот од лиценца гласи на фирма или возило кое не се совпаѓа со возилото на кое е залепена.

    Сето ова преставува нелојална конкуренција,сива економија, ја доведува во прашање безбедноста на патниците и други учесници во сообраќајот, го зголемува метежот во сообраќајот, го зголемува загадувањето во Градот и создаваат лоша претстава за такси дејноста во Град Скопје.

    Групацијата наведува дека Градот Скопје, како надлежен орган за издавање лиценци и изводи од лиценци за авто такси превоз и како организатор на авто-такси дејноста има обврска да го среди хаосот во авто такси превозот, да се заложи за поголема безбедност на граѓаните кои користат авто такси превоз и да ја доведе такси дејноста на едно пристојно ниво. Имаме Закони и Одлуки и соодветни Прописи само треба да се спроведуваат, напоменува Групацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img