More

    Полициски хорди дивееле низ Охрид,разменувале боксови, неплајќале угоститлски сметки

    spot_img

    Полицајци во рамиките на своите предновогодишни забави,правеле р’шум низ Охрид ,нокаутирале граѓанин на Охрид,а потоа сами помеѓу себе си раменувале боксови, онака ,колку да се знае кој е појак во чопоротна глутницата на разбеснатата хорда,но не застанале тука!

    Пред неколку денови повеќе електорнски медиуми во Македонија , проширија лажна вест ,дека на предновогодишната забава на припадниците на полицијата при СВР Охрид која беше организирана во Хотел „Амбасадор“ ,каде според пласираната  вест на „Нагузич“ медиумот Охрид1 и Охрид Вест дошло до тепачка помеѓу инспектори од СВР Охрид.Такво нешто воопшто немало,но имало два други случаеви истата вечер.

    Неколку припадници на полицијата од СВР Охрид ,по завршување на предновогодишната забава ,се упатиле на бензиска пумпа „Црна Река,лоцирана на улица Железничка во Охрид,каде во склоп на безиската работи и кафиќ.Едниот од крајно пијаните полицајци кој дошле управувајќи моторно возило,веднаш од како влегол во простотиите на безиската пумпа, без никаква причина му закачил бокс во чело на вработениот продавач на пумпата,кој од силината на ударот паднал на под.Вднаш реагирал другиот полицаец кој бил со него и почнал да го смирува својот пијан колега,а се насобрало и доста народ кој биле присутни во кафичот на безиската пумпа.Но наместо да го смири својот колега ,од кога добил неколку вкусни пцости на сметка на „мама и на сестра“, другиот полицаец сега започниува да го тепа својот разбеснат колга со сочни боксови  и така настанал невиден пичвајз во просториите на безиската пумпа „Црна Река“ во Охрид .

    Истата вечер друга хорда на пијани полицајци пост забава решиле да се доопијанат во ноќниот клуб „Инклузив“ во Охрид лоциран на улица Железничка,веднаш од спротива на бензиската пумпа „Црна Река“.И овие талент кичевски полицајци,од кога добро се изнапиле на еден од шанковите во ноќниот клуб ,од страна на вработената шанкерка им било побарано да ја платат сметката која изнесувала нешто над 6000 денари.Но од страна на кичевските полицајци наместо пари ,шанкерката добила одговор, дека тие се полицајци (извадиле легитимации) и дека тие никаде не плајќаат ,а нема ниту тука да платат при што се упатиле кон излезот на ночниот клуб.На излез од ноќниот клуб биле застанати од страна на обезбедувањето на клубот,кој ја затвориле вратата ,а рекет кичевските полицајци ги упатиле на шанк да си ја платат сметката, во спротивно нема излез од клубот,на крај на журката има и за чистење и за метење во клубот …Од како кичевските полицајци увиделе дека нема лабаво со обебедувањето на клубот и дека нивните селски полициски фори не поминуваат,сите заедно почнале да се пребаруваат по џепови за да соберат пари за сметката…

    И ,овие два настани нема да ги најдете во билтенот на настани на СВР Охрид.И двата настани не се пријавени во Полиција од страна на засегнатите страни во настаните-полициска солидарност!! Но доколку единицата за внатрешна контрола и професионални стандарди има желба да ги испита двата настани на разбеснетата полициска хорда во Охрид, секако дека си имаат начин,видео записи колку ти душа сака…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img