More

    Политичкиот врв во земјава упати честитки за мир, благосостојба, взаемно почитување и многу здравје

    spot_img

    Православните верници кои го почитуваат јулијанскиот календар денеска го слават Божик, Христовото раѓање, поради тоа политичкиот врв во земјава упати честитки за мир, благосостојба, взаемно почитување и многу здравје.

    Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

    „Почитувани сограѓани, дозволете ми да ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово со поздравот – Христос се роди! Годинава Божик се празнува во време на голема неизвесност, страв и човечки страдања предизвикани од војни, кризи и социјални неправди. Предизвиците не ги одминуваат ниту македонските граѓани, особено најранливите меѓу нас. Како заедница на верните, Црквата е повикана активно да учествува во обновата на надежта. Со солидарност кон ранливите, со заложби за социјална правда, со личен интегритет, со почит кон различните, Црквата и верниците можат да придонесат кон обновата на довербата и добрината во нашата заедничка македонска татковина. Нека Христовото раѓање биде поттик за секој од нас, да ја следиме Божикната порака: „Мир на земјата, а меѓу луѓето добра волја“, се вели во честитката.

    Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од име на пратениците и од свое лично име, упати честитки по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божик, со желби празникот повторно да ги собере околу себе семејствата, пријателите, соседите и познаниците за дружење, споделување среќни мигови и заедничка трпеза.

    „Нека празникот, со сето свое волшепство рефлектира топлина во овие зимски денови, нека ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани, и меѓу оние што го слават овој голем празник, и меѓу оние што изразуваат почит кон него. Важно е да се споделува благородна мисла, убава желба и топла прегратка. Сите имаме потреба од зборови на поддршка кои даваат мир и спокој во душата и домовите, кои даваат надеж и верба во подобро утре и кои влеваат оптимизам дека новата година ќе донесе убави и позитивни вести за нашата земја. Да се сплотиме, да бидеме креатори на сигурната иднина за нашата младина, за нашата земја! Предизвиците кои стојат пред нас можеме да ги надминеме само заедно и единствени, со јасна цел пред себе. Само тогаш е гарантиран успехот и постигнувањето на зацртаните определби, на успешна, напредна и европска Република Северна Македонија! Бидете живи, здрави и спокојни! Среќни Божикни празници!“, се вели во честитката.

    Премиерот Димитар Ковачевски, во чест на големиот христијански празник, Рождество Христово – Божик, во име на Владата и во свое име, упати телеграма со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски синод, свештенството и монаштвото и до сите граѓани кои денеска празнуваат.

    „Раѓањето Христово – Божик, секоја нова година, симболизира нов почеток и со тоа отвора нова можност, поискусни, помудри и со чисти мисли да пристапиме кон нови добри дела, што носат добро за сите. Само солидарни, истрајни во вербата и со храбри чекори напред, како што покажува и Христовото дело, можеме да го постигнеме посакуваниот спокој и да осигуриме просперитет. Божјата светлина нека засвети во сечие срце. Нека поттикне љубов, почит, грижа и разбирање дека на секој човек му се дадени овие универзални вредности, преку коишто може, треба и има лична одговорност да учествува во создавањето перспективен свет за сегашните и иднинте генерации. Овој празник нека ги осветли со надеж и со радост сите домови. Посакувам празничните денови да ги поминеме во добро здравје, меѓу саканите, во мир и благослов. Христост се роди! Честит Божик!“, напиша премиерот Ковачевски во телеграмата до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан.

    Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во лично име и во име на партијата на сите православни Христијани во Македонија им го честита големиот празник Рожденство Христово – Божик со желби за успеси здравје и среќа.

    „Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре, мирот и спасението на човековиот род кој тој со себе ги донесе на овој свет. Токму празничните божиќни мигови нека ги исполнат домовите на верниците со божјата светост и радост за веста за раѓањето на Спасителот. Срцата нека се исполнат со топлината и нека се пренесе гласот дека Богомладенецот Христос е роден. Благословот Господов нека е над сите нас, да се насочиме кон добрите дела и хуманоста бидејќи тие се смислата на човекољубието и нашата христова вера, љубовта кон ближните и надежта за спасението. Во празнични денови да си споменеме и за сите оние кои страдаат поради растечката немаштија и да им пружиме рака, да направиме богоугоден гест и да им помогнеме. Луѓето кои живеат до нас, нашите соседи, без оглед на разликите се наши браќа и треба да си бидеме потпора во овие тешки времиња. Така ќе се сплотиме и ќе застанеме рамо до рамо против предизвиците на новото време кои го ништат нашето општество и кои ја загрозуваат нашата татковина Македонија. Криминалот и корупцијата се злото на ова доба, и тоа бара обединување и заедничка борба. Злото се поразува со добро, а народот во Македонија секогаш знаел да ја одбере страната на доброто и да биде на страната на победниците. Така било во минатото и така ќе биде додека векот векува. Нека е честит и вековит празникот Божик. Нека е вечна Македонија. Христос се роди! Навистина се роди!“, се вели во честитката на Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img