More

    Подолг од носач на авиони: Ова е најголемиот контејнерски брод во светот

    spot_img

    Лансиран е најголемиот контејнерски брод во светот – MSC Tessa. Широк е 61,5 метри и долг 400 метри – што е во просек 60 метри подолго од конвенционалните носачи на авиони.

    Титулата најголем ја доби благодарение на тоа што е првиот брод што може да превезе повеќе од 24.000 контејнери – поточно 24.112 единици наредени една врз друга и високи до 25 редови, со вкупен капацитет до 240.000 тони.

    Изграден е од кинеската компанија Hudong-Zgonghua Shipbuilding за меѓународната компанија Mediterranean Shipping Company (MSC), која е основана во 1970 година во Италија и е со седиште во Швајцарија.

    MSC Tessa има дизел мотор и систем кој ја намалува потрошувачката на енергија и емисиите за 4 проценти. Ова е прв од четирите планирани контејнерски бродови што треба да бидат изградени до август годинава, а кои чинат вкупно 600 милиони долари.

    Најголемиот брод во историјата бил супертанкерот Seawise Giant, изграден од Јапонците во 70-тите години на минатиот век, кој бил 58,45 метри подолг и 7,1 метар поширок од MSC Tessa. Но, тој престана да плови во 2009 година.најголемиот контејнерски брод во светот – MSC Tessa.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img