More

    Почина американскиот актер Џејмс Каан

    spot_img

    Американскиот актер Џејмс Каан, познат по улогите во филмовите Кум, Гном и Мизерија, почина на 82-годишна возраст, соопшти денеска неговиот менаџер. Причината за смртта засега не е позната.

    „Со голема тага ве известуваме дека Џими почина вечерта на 6 јули. Семејството ги цени изразите на љубов и искреното сочувство и бара да продолжите да ја почитувате нивната приватност во овој тежок период“, се вели во соопштението објавено на официјалниот Твитер профил на Каан. Веста подоцна ја потврди и неговиот менаџер.
    2
    Џејмс Каан е роден во 1940 година во Бронкс, Њујорк. Не сакајќи да ги следи стапките на својот татко и да работи во месарница, тој на почетокот се стремел кон кариера како фудбалер. Но, откако студирал на Универзитетот Хофстра во државата Њујорк, каде што го запознал и неговиот иден колега Френсис Форд Копола, се заинтересирал за глума. Набргу потоа, тој се запишал во Театарското училиште „Neighborhood Playhouse“ и ја започнал својата актерска кариера на Бродвеј.

    По серија филмски и телевизиски улоги, тој имаше голем пробив во 1970-тите со „Кум“ на Копола. Првично се натпреваруваше за улогата на Мајкл Корлеоне, која на крајот ја освои актерот Ал Пачино. Неговиот портрет на Сони Корлеоне му ја донесе единствената номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога.

    Каан се женеше четири пати и имаше пет деца, од кои едното Скот го следеше во глумата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img